Хармоникашот Коловски на вечерашниот концерт на Филхармонијата

Од:

Наградуваниот македонски хармоникаш Александар Коловски вечер ќе настапи како солист на концертот на Македонската филхармонија од циклусот „Лауреати“, што ќе го води германскиот диригент Андреас Вајзер.

Коловски, кој пред две години победи на Светскиот куп за хармоника CMA „Trophee Mondiale“ во сениорска категорија за класична музика, првпат во Македонија ќе го исполни концертот „Опал“ за хармоника и гудачи од Ришар Галијано.

– Изведбата на овој концерт инспириран од медитеранските звуци, претставува ретка можност да се слушне на овој инструмент во придружба на оркестар, соопшти Филхармонијата.

На програмата се и симфониската фреска „Хармосин и прогонетиот Византиец“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски и спектакуларната оркестарска композиција „Римски борови“ од Оторино Респиги.

Коловски (1990) почнал да учи хармоника на седумгодишна возраст и денес е меѓу најистакнатите македонски уметници на неговата генерација. Студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Златко Мадевски. Од 2009 година редовно посетува мајсторски курсеви во Франција, каде што во моментов учи со Фредерик Дешамп, еден од најистакнатите педагози по хармоника во светот.

Од 2003 година Коловски победил на повеќе од 15 меѓународни натпревари и е редовен гостин на музичките фестивали во Италија, Франција, Финска, Бугарија, Кина, Чешка, Германија, Литванија, Америка.

Од 2010 година е официјален уметник на компанијата за производство на музички инструменти „Хохнер“. Покрај примарната дејност како класичен хармоникаш, тој учи и вариете (танго, француска музика, џез…).

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска