Хаџиниколов, Бојку и Костадиновски добитници на наградата „23 Октомври“

Од:

За остварување во областа на културата и уметноста овогодинешни добитници на државната награда „23 Октомври“ се Стефан Хаџи Николов, ликовен уметник, Фејзи Бојку, писател и Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички  критичар, одлучи Одборот за доделување на наградата.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно – историското наследство на Република Македонија.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2015  година (петок) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање