Гугл го одбележува 130. роденден на Франц Кафка

Од:

Пред 130 години на денешен ден, 3. јули 1883 година во Прага се роди славниот писател Франц Кафка. Токму овој настан денеска го одбележа Гугл. Со само еден клик на илустрацијата, која потсетува на сцена од неговата „Преобразба“, ќе дојдете до вести и информации за еден од најважните писатели од почетокот на минатиот век.

Пред неговата прерана смрт поради туберкулоза во 1924 година тој напишал повеќе дела, а повеќето негови дела ги објавил по неговата смрт неговиот пријател Макс Брод.

Иако Кафка не довршил ниту еден свој роман, а запалил речиси 90 отсто од се што напишал, до публиката сепак успеаја да се пробијат „Процес“, „Замок“ и „Америка“.

Освен овие дела неговото творештво го краси и славната новела „Преобразба“, надреална приказна за големиот инсект Грегор Самс, која ја напишал во 1912 година и која стана синоним за пропаѓањето на човекот во модерното општество. Тоа е едно од ретките дела издадени за време на неговиот живот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска