По подолга пауза, вечер ќе се одржи концерт во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, каде ќе гостува гудачкиот квартет „Вива Стрингс“. Концертот е по повод Денот на независноста – 8 Септември.
Гудачкиот квартет „Вива Стрингс“ од Скопје во Кичево ќе допатува во организација на НУЦК „Кочо Рацин“ од Кичево со цел да одржи свечен концерт.
-Програмата на овој концерт ќе биде од популарен карактер. На програмата ќе бидат застапени повеќе модерни наслови кои веруваме ќе побудат интерес кај публиката. Меѓу другите, ќе бидат изведени композиции на Мајкл Џексон, Бритни Спирс, Јуритмикс, Роби Вилијамс, Квин и други, информира Маја Николоска Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.
Концертот ќе почне во 19 часот, на отворено, на платото пред Центарот за култура со целосно почитување на препораките на здраствените институции.