Гран при за Никола Ристановски на фестивалот во Никшиќ

Од:

Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ.

Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови. Таа е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, Србија. Истовремено таа е и уште една театарска награда во низата награди која тој ја добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Би можело да ве интересира

Никола Ристановски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски” на истоимениот театарски фестивал во Крива Паланка

Европската унија побара од Косво да го продолжи рокот за пререгистрација

Награда за најдобар актер за Ристановски на 4. Босфорски филмски фестивал

Ана Ололовска