„Градот на јужното море“ прв роман на драмскиот писател и публицист Зоран Пејковски

Од:

Издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје го објави и претстави „Градот на јужното море“, прв роман на драмскиот писател и публицист Зоран Пејковски од Битола.

Рецензенти на романот се Јордан Плевнеш и Братислав Ташковски, а по промоцијата на саемот на книгата во Скопје, романот „Градот на јужното море“ денес беше претставен и во родниот град на Пејковски.

– Романот го подготвував и пишував десет години, во неговата содржина има 36 глави кои сами за себе се различна приказна, со пролог и епилог, со недоброј драматуршки форми и затоа сметам дека овој роман може да биде искористен како драмски текст, но и како сценарио за филм. Секоја продуцентска куќа може да го искористи овој роман бидејќи драматизацијата лесно се подготвува и сигурно дека имагинацијата во овој роман ќе биде инспирација и за други форми на уметничко изразување, посочи Пејковски.

Со издавањето на романот „Градот на јужното море“ авторот Зоран Пејковски го продолжува и зголемува творечкиот опус кој како што вели посебно богат беше минатата 2014 година кога од печат излегоа збирката песни „Сега знам“, драмскиот ракопис „Сите наши кодоши“ и драмата во стих „Самуиловото распетие“ од која произлезе сценско-драмскиот рецитал „Херувимите на Самуиловата круна“ одиграна по повод 1000 годиниод смртта на царот Самуил.

Зоран Пејковски е драматург во народниот театар од Охрид и главен и одговорен уредник на битолскиот информативен неделник „Јавност“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска