Гостување на Искра Шукарова во Амстердам

Од:

Кореографката и балерина Искра Шукарова е поканета од страна на Училиштето за развој на нови танци во Амстердам, како дел од Академијата за театар и уметност, да присуствува на претставите на младите автори кои ќе се одржат утре и задутре во рамки на програмата на академијата.

Современите танцови дела што ќе бидат презентирани ќе ги прикажат новите креативни тенденции на младите автори.

Шукарова во Амстердам е поканета од страна на уметничкиот директор на програмата Бојана Младеновиќ, која последните четири години го води одделот за кореографија во училиштето за додипломски студии во кореографија при Универзитетот за уметности во Амстердам

Таа ќе реализира и контакти со одделот за танцова педагогија со што ќе се отворат нови можности за натамошна соработка со катедрата за балетска педагогија – современ танц при ФМУ, каде е професор седум години од основањето на оваа катедра

Гостувањето на Шукарова во Холандија е поддржано од страна на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат