Гостување на Државниот театар од Истанбул на „МНТ фест“

Од:

Во рамки на вториот Меѓународен театарски фестивал „МНТ фест“ вечер ќе гостува Државниот театар од Истанбул, со претставата „Кога ова би било филм“ од Алмир Имширевиќ во режија на Билге Емин.

Драмата ја тематизира војната во Босна и Херцеговина во 1990-тите години, опсадата на Сараево и обидите на едно семејство (Зириќ) да најде смисла во случувањата.

Режисерката Билге Емин (Скопје, 1976) диполомирала на Факултетот за комуникации на Универзитетот во Анкара во 2000 година, а магистрирала на Институтот за социјални науки, на катедра за радио, телевизија и филм. Во 2014 завршила магистерски студии по театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Работела на првите три изданија (2004, 2005 и 2006) на Меѓународниот театарски фестивал во Истанбул. Од 2004 до 2010 година била вклучена во Одделот за меѓународни односи во театарските куќи во Истанбул. Има преведено голем број драми од сите балкански јазици на турски. Некои од нив се режирани во Турција.

Во претствата „Кога ова би било филм“ играат: Бурак Шентурк, Мине Туфекчиоглу, Бурак Алтај, Ѓонен Ајкач, Бариш Багџи, Берк Сезенлер, Емре Јешилоз. Сценограф е Нуретин Озкону, костимограф Налан Алајли, автор на музиката Чагри Беклен.

Во рамки на фестивалот, МНТ денеска напладне во фоајето на театарот организира разговор со режисерот Бранко Ставрев.

Наредно гостување на „МНТ фест“ е на 20 јуни, кога Државниот драмски театар од Тбилиси „Коте Марџанишвили“ ќе ја изведе претставата „Дневникот на лудиот“ од Гогољ во режија на Леван Цуладзе.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора