„Господин Мол и фабриката за чоколадо“ – најдобро монтиран филм на „Синематик“

Од:

Монтажерот Каја Инан на швајцарскиот детски филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ е добитник на наградата „Златен рез“ за најдобра монтажа на 3.издание на „Синематик“, кој заврши синоќа. Од шесте филма што беа на програмата на фестивалот, жирито во состав: Сандра Ѓоргиева, Гоце Кралевски и Мартин Иванов, одлучија наградата да ја добие Швајцарецот со турско потекло Инан.

– Чест ми е да бидам член на жирито. Имавме тешка задача да избереме кој да биде најдобар, затоа што сите беа навистина одлични, но сепак, моравме да избереме еден. Монтажата во филмот „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ тотално одговара на жанрот на филмот и константно ве води низ авантурите со прецизен тајминг за сѐ – рече Ѓоргиева.

Добитник на наградата за животно дело за придонес во светската монтажа е Николас Гастер, човекот кој монтирал култни филмови закитени со Оскари, Глобуси и други награди, а голем печат има оставено и врз македонската кинематографија. Негова е монтажата на: „Пред дождот“, „Прашина“, Како убив светец“, „Жената што си ги избриша своите солзи“, „Ослободување на Скопје“. Поради работен ангажман, Гастер не можеше да дојде во Скопје.

Фестивалот „Синематик“ и годинава го организираше Асоцијацијата на филмските професионалци на Македонија. Нејзиниот претседател, Љупчо Тодоровски-Упа истакна дека здружението веќе брои 198 члена.

-153 од овие членови работат зад камерата. Токму еден дел од нив ги славиме во овој фестивал. Се плашам дека немам што многу да кажам во ситуација кога нашето здружение и овој фестивал, „Синематик“ за жал годинава не доби средства од Агенција за филм. Сметам дека некои вистини треба да се кажат. Сами го направивме. Благодарноста од македонската култура очекувам да ја добиеме за десетина години – истакна Тодоровски.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ