Голем попуст на книгите во „Матица“

Од:

Издавачката куќа „Матица“ денеска го почнува 13. Саем на книгата „Книга во секој дом“ кој се одржува во  книжарницата. И годинава во понудата се изданија од различни области од домашни и светски автори, книги за деца и енциклопедии, со попуст од 10 до 80 отсто.

„Нашата девиза е дека културата се создава, а традицијата се негува и одржува. Така и оваа година, со нови 100 наслови и повеќе од милион книги во вкупната понуда како бројка, со просечна цена од 120 денари, решени сме да го оправдаме нашиот основен слоган ’Книга во секој дом’,велат од Матица..

Саемот ќе трае до средината на февруари и во негови рамки ќе се одржуваат промоции и средби на писатели со читателите. Првата ќе биде денска напладне со писателот Блаже Миневски и неговата најнова книга „Црна лисица“.

Саемот на книгата на „Клуб Матица“ ќе се одржува и во поголемите градови низ Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат