Голем концерт на маестро Роби Лакатош за роденденот на „Охридско лето“

Од:

Фестивалот „Охридско лето“ својот 53 роденден ќе го прослави со голем концерт на унгарската и светска музичка атракција, виолинистот Роби Лакатош со неговиот ансамбл вечерва на Античкиот театар.

На денешната прес-конференција директорот на манифестацијата Елизабета Јанкуловска изрази задоволство што маестро Лакатош е тука во Охрид, на прославата на овој значаен фестивалски јубилеј.

– Фестивалот „Охридско лето“ опстојува долго време, секогаш знае и успева покрај квалитетната програма за родендените да избере особени уметници. Благодарение на селекторите, успеваме да спакуваме приказна за вљубениците во музиката и театарската уметност, истакна Јанкуловска.

Селекторот на музичката програма Гордана Јосифова – Неделковска најавувајќи го вечерашниот концерт потсети дека години наназад на денот на раѓањето на „Охридско лето“, фестивалот нудеше исклучителни уметнички доживувања, како „Перпетум џезиле“ минатата година, претходната година осумте тенори, потоа „Свингл Систерс“ итн.

– Посебно внимание програмско беше посветено околу изборот на уметникот кој ќе настапи на овој значаен ден за овогодинешното издание. Мислам дека задоволството на сите нас е да го имаме големиот виртуоз на виолина, еден од виолинистите кој ужува огромна почит од најголемите мајстори како Репин, Грапели, Мењухин…Лакатош постапно но со голем успех ја градеше неговата светска кариера. Епитетот „ѓаволски“ е резервиран само за најголемите композитори и уметници маѓу кои Тартини, Паганини. Следниот е маестро Лакатош, што повеќе од се кажува за неговиот уметнички опус, рече таа.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање