„Гола месечина“ – фестивал на комедии во Аеродром

Од:

„Хамлет во пикантен сос“ во режија на Александра Карделевска, во продукција на Театар Комедија, вечер кај Паркот на езерата во Аеродром ќе го отвори фестивалот „Гола месечина“.

Фестивалот, кој лани почна како манифестација „Аеродром се смее“, а годинава доби меѓународен карактер, го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура. Изведбите се од 21 часот на отворено, а влезот е слободен.

До крајот на месецов ќе бидат изведени уште четири домашни претстави:  „Сомнително лице“ на режисерот Синиша Евтимов и МНТ, „Без паника“  во режија на Благој Мицевски и Битолски театар, „Подземна комедија“ во режија на Деан Дамјановски и театарот „Антон Панов“-Струмица,  и „Солунски патрдии“ во режија на Коле Ангеловски во продукција на Драмскиот театар.

Гостуваат две претстави – „Хамлет во Долна Мрдуша“ режирана од познатиот босански актер Мустафа Надаревиќ, во продукција на Народно позориште од Тузла, и „Пукна срам“ од белградска приватна продукција – дуо-драма во која учествува македонската пејачка Тијана Дапчевиќ.

Во чест на наградените, на 30 јуни ќе биде изведена премиера на „Многу врева за ништо“ од Шекспир во режија на Дејан Пројковски, во продукција на Театар Комедија.

Седумте претстави-комедии ќе се натпреваруваат за четири награди (за режија, машка улога, женска улога и гран-при за претстава), за кои ќе одлучува тричлено жири: актерот Петре Темелковски (претседател), режисерката Александра Карделевска и композиторот Оливер Јосифовски (членови).    Наградите се парични, а од трката за нив е изземена претставата на организаторот – Театар Комедија.

„Гола месечина“ е еден од 20-те фестивали од драмската дејност поддржани во годишната програма на Министерството за култура, а еден од трите нови манифестации од театарската дејност кои годинава имаат прво издание.

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“