Годишнина од формирањето на Народен театар-Битола

Од:

На 14 ноември 1944 година во Битола почна со работа професионалниот театар, а за публиката во овој град беше изведена едночинката на Владо Малески –„Петтоимениот Ѓоре“.

Првите членови, основачи на Битолскиот театар биле Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, браќата Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко, а за прв управник на театарот бил назначен Аки Павловски.

Годинава официјалната страница на НУ Народен театар-Битола осамна со соопштение во кое се нагласува дека таа национална установа не остана имуна на вирусот Ковид-19, одложени се подготовките на театарски претстави, ниту пак се изведуваат претстави поради изолација на вработени во установата.

-Вашата поткрепа ни е потребна повеќе од кога било, затоа што театарот без публика е бесмислен! Останете во добро здравје, и се гледаме наскоро, порачуваат од НУ Народен театар-Битола на денот кога се одбележуваат 76 години од основањето.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“