Годишен концерт на Мандолинскиот оркестар на МКЦ

Од:

Мандолинскиот  оркестар на Младинскиот културен центар – Скопје вечер на сцената на кино „Фросина“ во МКЦ ќе одржи традиционален годишен концерт.

Мандолинскиот оркестар на МКЦ од Скопје е препознатлив по својата оригиналност и единственост, како во изборот и изведбата на програмата, така и по составот на неговите членови,  кој е сочинет од најразлични возрасти, од ученици во основни училишта, средношколци, студенти и вработени.

Оркестарот е формиран на иницијатива на Рамадан Шукри во 1981 година. Во    2001 година раководството на оркестарот го превзема Сашо Татарчевски кој го освежува со нови членови и нова програма. Во моментот со оркестарот работи Ванчо Јовчев, кој веќе шест години едуцира нови членови.

Освен културна, ансамблот има и едукативна и воспитна функција, создавајќи од младите луѓе врвни познавачи и почитувачи на музиката.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска