Годишен концерт „Градски приказни“ на КУД „Илинден“ во Битола

Од:

Детскиот, младинскиот ансамбл и ветерани на КУД „Илинден“ вечер во големата сала на Центарот за култура-Битола ќе го одржат традиционалниот годишен концерт, годинава насловен „Градски приказни“.

Според програмата, ансамблите на КУД „Илинден“-Битола ќе ги изведат ората „Буките“, „Левото“, „Патрунино“ и „Вај Вај“, чалгискиот оркестар „Румелија“ ќе настапи со песната „Крек Џоне Крек“, а низ посебна сценска адаптација ќе бидат презентирани „Охридски староградски игри“ и битолски песни и игри „На визита“.

-Сценската адаптација „На визита“ ќе ја изведат 30 членови ветерани во друштвото, играорци од различни генерации, како и поранешни членови на КУД „Илинден“. Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на концертот има возбуда како кај учесниците, така и кај публиката која без сомнение ќе ја исполни големата сала на Центарот за култура, до последното место, најавија организаторите на концертот за кој влезот за посетители е слободен.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година