Годинешното издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ на 14 и 15 август

Од:

Охридското село Велестово на 14 и 15 август по 27-ми пат ќе биде собирното место на македонските поети, уметници во рамки на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово.

Оваа година манифестацијата е посветена на поетското творештво на Веле Смилевски. За неговото творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид.

Традиционално, покрај поетскиот портрет ќе се одржи и ликовна изложба. Оваа година во изложбениот простор на старото училиште во Велестово со изложба на слики ќе се престави Литов Намдаг Јанчивин од Монголија, инаку почесент конзул на Монголија во Македонија.

За следниот ден на 15 август е предвидено во Планинарскиот дом во Велестово да биде промовиран зборникот песни „Меѓу две неба, песни за Велестово“ во кој се поместени педесетина песни посветени на Велестово од автори ширум светот.

Во рамките на оваа манифестација изминатите 25 години беа претставени творештвата на најпознатите македонски поети, сликари, критичари, меѓу кои Анте Поповски, Гане Тодоровски, Патре М. Андреевски, Матеја Матевски, Богомил Ѓузел, Радован Павловски, сѐ до претставници од помладата генерација, како Никола Маџиров и Владимир Мартиновски, а од сликарите гостуваа Вангел Наумовски, Боро Митриќески, Сергеј Андреевски, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Газанфер Бајрам, Славко Упевче…

Манифестацијата е помогната од Министерството за култура на Република Македонија, Општина Охрид, како и други спонзори.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска