Гоце Смилевски гостува на „Креативна Европа“ на саемот на книгата во Париз

Од:

На Меѓународниот саем на книгата во Париз, кој ќе се одржува од утре до 23 март, Гоце Смилевски ќе биде гостин на „Креативна Европа“, програма за култура на Европската комисија.

На централниот претставувачки пункт на саемот, наречен „Авторска сцена“, утре ќе настапат француската писателка Лоранс Плазне, полскиот автор Пјотр Пазински, и Гоце Смилевски, сите тројца добитници на Наградата за литература на Европската унија.

Во текот на саемот, Гоце Смилевски на штандот на издавачот „Белфонд“ од Париз ќе потпишува примероци од романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“, објавен на француски јазик во превод на Харита Вибрандс.

Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ наскоро  ќе биде објавен и во џебната едиција на ексклузивниот француски издавач „10/18“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска