Гитаристот Дарко Багески со концерти во Бугарија

Од:

Познатиот гитарист Дарко Багески, солист и професор на ФМУ – Скопје, ја почнува својата активна концертна сезона во 2015 година, со учество на 19. Интернационален fестивал и нaтпревар за класична гитара „Академик Марин Големинов”- Ќустендил (Бугарија).

На овој фестивал, кој ќе се одржи од денеска до 4-ти април, македонскиот гитарист Дарко Багески и бугарската гитаристка Стела Динкова ќе настапат како солисти со камерниот оркестар на операта од Благоевград (Бугарија), при што ќе го изведат популарното дело на познатиот италијански композитор Антонио Вивалди „Четири годишни времиња “ во преработка за две гитари и камерен оркестар од композиторот Петар Радевски од Бугарија. Концертот ќе го диригира Красимир Топалов од Бугарија, информираат од Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Меѓународната концертна сезона Багески ја продолжува со солистички концерти на интернационални фестивали кои ќе се одржат во Италија,Тајван,Црна Гора,Бугарија…

Во јули, Багески ќе одржи солистички концерт во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, а проектот е поддржан од македонското Министерство за култура.

Дарко Багески минатата година имаше серија успешни концерти во Софија, Пловдив, Варна и Ќустендил. 

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска