Галичник Филм Фестивал – нова ѕвезда на нашето фестивалско небо

Од:

Од денеска до 30 август 2020 година, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за филм ќе се одржи првото издание на Галичник Филм Фестивал. Новиот културен настан ја промовира уметноста на краткометражниот филм, но и нови филмски автори и нивните остварувања од регионот и пошироко.

Од пристигнатите повеќе од 2.000 краткометражни филмови од цел свет беа селектирани 50 филмови во три натпреварувачки категории: Игран, Документарен и Анимиран краткометражен филм.

Организаторите Дарма Филм, во соработка со Месна Заедница Галичник, најавуваат прикажување на неколку светски премиери, но и филмски наслови со учества на Венецијанскиот филмски фестивал, Фестивалот за краткометражни филмови во Палм Спрингс, Интернационалниот филмски фестивал во Торонто, Берлинале, Санденс, ИДФА, Филмскиот фестивал во Сараево, а сега достапни и пред македонската публика. Една од новините кои ги носи фестивалот е и филм кој претставува филмувана верзија на театарска претстава – нова хибридна форма која зазема сѐ поголем замав.

Домашните автори имаат значајно место во програмата на Галичник Филм Фестивал. Ќе имаме можност да ги погледнеме филмските достигнувања на режисерите Марко Џамбазоски, Ибер Деари, Горан Димов и Ајдин Ислами.

Многу важен дел од фестивалот е одржувањето на Работилницата за развој на сценарио за долгометражен филм, под водство на Franz Rodenkirchen и Françoise von Roy познати како „Solace23”, кои важат за едни од најактуелните консултанти за сценарио во филмската индустрија. На отворениот повик за автори од регионот беа избрани четири проекти, меѓу кои и проект од нашата земја „Слатката горчина на зрелите калинки” на Андреј Волкашин.

-Среќни сме што нашиот фестивал со оваа работилница ќе биде едно скалило до премиера на четири 4 проекти, изјави Марко Црногорски, програмски директор на Галичник Филм Фестивал.

Програмата на фестивалот годинава ќе се одвива целосно онлајн. Истата е бесплатна за проследување за домашните љубители на краткиот филм, во рамките на платформата Cinesquarе. Сите филмови се со времетраење до 30 минути и датирааат од последните две години.

Догодина, фестивалот се враќа на својата основна идеја за организација на проекции под отворено небо на 1.500 метри надморска височина во прекрасниот Галичник, кој ќе стане домот на фестивалот.

За повеќе информации следете ја Фејсбук фан страната на фестивалот и Фејсбук настанот.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ