Гала оперски концерт во МОБ со светски познатата оперска дива Инва Мула

Од:

На сцената на Македонската опера и балет на 28 ноември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев.

Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко семејство во Албанија, таа многу рано го започнува своето музичко образование, истакнувајќи се како исклучителен вокален талент со лирска прецизност и емоционална длабочина. Во текот на својата блескава кариера настапувала на најпрестижните оперски сцени во светот, вклучувајќи ги Париската опера, Миланската Скала и Метрополитен опера, во соработка со врвни диригенти и режисери. Нејзиниот уникатен и препознатлив глас ѝ донесе светска популарност и надвор од оперската уметност: таа го позајми својот глас за ликот на Дивата во култниот научно-фантастичен филм „Петтиот елемент“ (1997).
На програмата на концертот се вклучени избрани дела од оперската класика на Џузепе Верди, Лео Делиб, Џакомо Пучини, Жорж Бизе, Жак Офенбах и други автори.

Би можело да ве интересира

„Реквием“ на Моцарт ќе ја отвори новата сезона на Националната опера и балет

Приходот од балетската претстава „Петар Пан“ ќе оди во фондот за настраданите во Кочани

Изведба на операта „Кармен“ во Националната опера и балет

А1он

Државната ревизија со забелешки за исплаќањето хонорари и евидентирањето на приходите во НОБ

Катерина Ѓуровски

Наезда на мачки во НОБ, има забрана за нивно хранење

А1он