Францускиот виолончелист Марк Копеј ќе настапи со студенти од ФМУ

Од:

Познатиот француски виолончелист и диригент Марк Копеј вечер ќе одржи концерт со Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност „Солисти на ФМУ“ во Музејот на македонската борба.

Копеј, кој е професор на Високиот национален конзерваториум за музика во Париз, ќе настапи како солист и ќе диригира со Камерниот оркестар на ФМУ, раководен од проф.  Велко Тодевски. Неговото гостување е во рамки на редовната практика на Факултетот да поканува истакнати визитинг-професори и видни уметници кои ги пренесуваат своите знаења и искуства на македонските студенти.

Марк Копеј се смета за еден од водечките современи камерни уметници на виолончело. Добитник е на двете највисоки награди на Баховиот натпревар во 1988 година – Прва награда во категоријата до 18 години и наградата за најдобра интерпретација на дела од Бах. Тој е уметнички директор на Фестивалот за камерна музика во Колмар и држи мајсторски курсеви насекаде во светот. Свири на редок вид виолончело од Матео Гофрилер (Венеција, 1711).

– Нашите студенти од Камерниот оркестар на ФМУ со огромно задоволство се подготвуваат да бидат предводени од овој исклучителен уметник, кој на  публиката и нуди дела што ретко се изведуваат од други музичари. Токму затоа се вели дека неговиот репертоар е еклептичен и иновативен. Тој ги извел светските премиери на Концертот за чело на Лено, Првиот концерт за чело на Танги и француската премиера на Концертот за чело на Елиот Картер. Во ноември 2009 е избран да ги свири Баховите дела во Париз, на плоштадот Конкорд, на прославата по повод 20 години од падот на Берлинскиот ѕид, изјави  Гордана Јосифова-Неделковска, декан на ФМУ.

Покрај солистичкото претставување на Копеј со Хајдновиот концерт во Д-дур, на програмата на вечерашниот концерт се и Дивертименто (Салцбуршка симфонија бр.1) на Моцарт и Серенада за гудачи од Чајковски.

Би можело да ве интересира

Ансамблот „Јаношка“ ќе настапи во Филхармонија

Ана Ололовска

Џијан Емин со фантастичен настап во Нови Сад со проектот „La Vie En Rose“

Ана Ололовска

„Слушни! Доаѓа Новата…“ со ансаблот „Јаношка“

Ана Ололовска

Бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“ во Филхармонија

Ана Ололовска

„Замисли желба“ – новогодишен концерт за деца

Ана Ололовска

Бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“ предновогодишно во Филхармонија

Ана Ололовска

Leave a Comment

19 + eight =