Францускиот филозоф Пјер Касу-Ногес гостува во Македонија

Од:

По повод манифестацијата „Ноќ на идеите“, во организација на Францускиот институт во Скопје деновиве во Македонија престојува истакнатиот француски филозоф, професор на Универзитетот Париз 8 и автор на бројни дела Пјер Касу-Ногес.

Во кафе книжарницата „Магор“ вечер ќе се одржи средба на Филозофскиот кафе – клуб на кој на тема „Науката и имагинарното преку новите технологии“ ќе зборува професорот Касу – Ногес.

Утревечер во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе се одржи дијалог-средба со професорот Касу – Ногес насловена „Имагинарното, разумот и логиката“.

Пјер Касу-Ногес е француски филозоф и автор на повеќе дела во кои се преплетуваат филозофијата, книжевноста и науката. Роден е во Тунис во 1971 година. Неговите истражувања се насочени главно кон односот помеѓу разумот, кој го создава размислувањето и кој доаѓа до израз во науката и филозофијата, и имагинарното, кое доаѓа до израз во книжевноста.

Би можело да ве интересира

„Реторика – Историски и современи аспекти“ од група автори

Ана Ололовска

Меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ во Скопје

Ана Ололовска

По 15-ти јубилеен пат ќе биде одбележан Светскиот ден на филозофијата

Ана Ололовска

„За основите на етиката на св. Климент Охридски“ – предавање на д-р Дејан Донев

Ана Ололовска

Одбележување на Светски ден на филозофијата

Ана Ололовска

Се одбележува Светскиот ден на филозофијата

Ана Ололовска