ФОТО: „Театарот 007“ на фестивал во Италија

Од:

Независната продукција „Театар 007“ од Скопје, од 27 до 31 мај со претставата „Игра“ учествува на Интернационалниот театарски фестивал „ТАКТ“, што се одржува во Трст, Италија.

По успешното гостување од минатата година на фестивалот „Театрален куфер“ во Минск, Белорусија и освојувањето на наградата за „Најдобра претстава со невербална комуникација“, претставата „Игра“, ја продолжува својата меѓународна промоција.

teatar007-1

Станува збор за претстава која е работена според кратките раскази од Данил Хармс, во режија на Игор Ивковиќ, а во продукција на Миодраг Костиќ. Во неа играат професионалните актери: Фаик Мефаилоски, Филип Кипровски, Ангела Наумоска, Јана Пауновска, Дарко Богески, Илина Матеска, Стефан Петровски, Благица Ристов.

– „Игра“ е претстава „револт“, кон класичниот театар, но и кон сите политизирања на театарската уметност. „Игра“ е контрапункт на претставите во кои се величи национализмот, патриотизмот, наспроти глобалноста, широкоградоста и прифаќањето на различностите. Ова е претстава во која се иронизира, исмејува и пародизира се што значи „локално“, „мое“, наспроти „глобално“ и „наше заедничко живеење исполеното со игра“. Изоблиството на сценскиот наспроти вербалниот јазик, доминира во оваа претстава која комуницира со публиката од сите страни на светот, велат од Театар 007.

teatar007-13

Во рамките на фестивалот режисерот на претстават м-р Игор Ивковиќ, ќе одржи и пет дневна работилница на тема: „Тело. Знак. Ум“, базирана на методолошките принципи на работа на Антонин Арто и Јержи Гротовски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“