ФОТО: Промовирана книгата „Бошњаците во Македонија во текот на ХХ век“

Од:

Во салата за промоции во Домот на АРМ Скопје на 05.06.2014 година, се одржа промоција на книгата „Бошњаците во Македонија во текот на ХХ век со посебен акцент на културата и просветата“ од авторот проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ.

Книгата е резултат на обемна истражувачка работа и активност на д-р
Рамчиловиќ кој се осмели да ги истражи и расветли историските појави и процеси врзани за Бошњаците во Македонија.

KNJIGA

Издравач на книгата е Бошњачката културна заедница во Република Македонија.

Ова книжевно дело е всушност доработена докторска дисертација одбранета на Институтот за наиционална историја на РМ (ИНИ) под менторство на познаниот историчар и научник проф. д-р Марјан Димитријевски, кој меѓу другото истакна:

“Нема дилема дека се работи за ,според мене, најдобар труд на тема која ги третира Бошњаците во Македонија,но не само според својата содржина,туку и поради богатите извори на информации,факти,прилози,стилот на пишување,истражувачките методи и резонирањето на суштината на овој научен труд кој воедно е и темел за сите понатамошни истражувања врзани за историјата на Бошњаците во Република Македонија“.

Рецензентот на книгата и еден од промоторите, академик проф. д-р Ферид Мухиќ
зборуваше исцрпно за ова дело, потенцирајќи:

„Без дилема можеме да констатираме дека, и според тематиката, и според значењето на сознанијата, како и во однос на нејзиното научно и општествено влијание станува збор за едно од најзначајните остварувања не само во Макеоднија,туку и во регионот .Ова воедно значи дека книгата има исклучително важна функција на аргументиран коректив на општо прифатените негативни стереотипи и квази-научните идеолошки конструкции наметнати како наводна “историска вистина““.

FERID MUHIC

После излагањата на промоторите на книгата, свое обраќање имаше и нејзиниот автор, д-р Зеќир Рамчиловиќ кој видно возбуден изјави:

“Ако би се запрашало во моментот кој е најсреќниот човек на светот, би можел да Ви го дадам одговорот:

-ЈАС! Да, драги пријатели, благодарение на Вас и на ова дело јас сум најсреќниот човек на планетава“

ZECIR RAMCILOVIC

На промоцијата присустуваа голем број на професори, јавни личности од политичкиот и културниот живот на Македонија кои со особено задоволство ја проследија промоцијата и пројавија интерес за ова дело кое е од суштествен значај за Бошњаците во земјава,како и сите останати граѓани со цел подобро запознавање, меѓусебно разбирање и почитување.

PUBLIKA

PUBLIKA MNOGOBROJNA

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска