ФОТО: Келнерите од регионот се натпреваруваа на Струмица опен фест

Од:

Струмичани уште еднаш потврдија дека се мајстори за забави и знаат да уживаат во нив. Така беше и синоќа на градското корзо, каде во рамките на „Струмица опен фестивал 2014“ се одржа трка на келнери во која келнерите од регионот си ги одмеруваа вештините и брзината.

trkaKelneriStr (2)

Беше тоа тричасовен натпревар во кој уживаа и натпреварувачите и посетителите. Најдобрите и во машка и женска конкуренција беа наградени, првопласираните добија чек на 15.000 денари, второпласираните по 10.000 денари а учесниците кои ги освоија третите места добија викенд за двајца. Наградите ги врачија градоначалникот Зоран Заев и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

trkaKelneriStr (4)

И додека на градското корзо се натпреваруваа келнерите, во амфитеатарот посетителите уживаа во звуците на хармониката на Атанас Диновски и пријателите.

trkaKelneriStr (5)

Фестивалските содржини продолжуваат и вечерва. Во малиот градски парк ќе се одржи аукција на делата создадени на ликовната колонија која беше отворена во рамките на фестивалот, во амфитеатарот ќе биде промовирана книгата „Уа и Ура“ на Ѓорги Калајџиев, а веднаш потоа следува настапот на џез квартетот.

trkaKelneriStr (6)

Инаку, на градскиот плоштад веќе се монтираат шанковите и се подготвува сцената за настапите на македонските и балканските музички ѕвезди кои ќе започнат утревечер, а ќе завршат в недела.

trkaKelneriStr (7) trkaKelneriStr (8) trkaKelneriStr (9) trkaKelneriStr (10) trkaKelneriStr (11) trkaKelneriStr (1)

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски