Формирана работна група за изработка на нацрт-национална стратегија за развој на културата 2018-2022

Од:

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски формираше работна група за изработка на нацрт-национална стратегија за развој на културата за периодот од 2018-2022 година, која денеска одржа конститутивен состанок, соопшти Министерството за култура.

Во состав на работната група се: Златко Теодосиевски, ликовен критичар и советник – куратор (координатор на работната група); Искра Гешоска, културен работник од „Јадро“- Асоцијација на независната културна сцена; д-р Валентина Поцеска, советник – конзерватор, м-р Валмира Истрефи, урбани студии; м-р Џевдет Јашари, актер и предавач на Факултетот за драмски уметности на Тетовскиот универзитет; Магдалена Диковска, кабинетски службеник за правни работи во Министерството за култура и Гоце Божурски, советник во Одделението за визуелни уметности, архитектура и дизајн во Министерството за култура.

Задача на Работната група е да изработи концепт и нацрт на стратегијата, кои ќе бидат доставени до министерот за култура и ќе бидат предмет на јавна расправа со сите заинтересирани страни во претстојниот период, сè до донесување на стратегијата на крајот на 2017 година.

Како што информира Министерството, на конститутивниот состанок, при запознавањето на избраните експерти со конкретните задачи и надлежности, министерот Алаѓозовски истакнал дека од јавната расправа очекува сериозен влог од сите засегнати страни во сите културни дејности, бидејќи тоа ќе значи придонес на културните чинители во сопствен интерес, но и во интерес на граѓаните на Република Македонија.

– Заеднички заклучок на членовите на работната група е дека им претстои сериозна и макотрпна работа во која ќе треба дополнително да бидат вклучени и поширок спектар на стручњаци и познавачи на сите сектори во областа, како и дека очекуваат да произведат документ кој нема да биде само „мртво слово на хартија“, туку суштински документ кој ќе биде водилка во стратешкото спроведување на новите културни политики на новата Влада, кои ќе доведат до вистински промени и ќе придонесат до поголем квалитет, вклученост, одржливост и напредок за културата и уметноста во нашата земја на подолг рок, информира Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ