„Flora Imaginarium“ изложба на македонскиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула

Од:

Изложбата „Flora Imaginarium“ на македонскиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула вечер, во 20 часот, ќе биде отворена во фоајето на Националната опера и балет (НОБ).

Оваа изложба е резултат на двегодишна работа на проект поврзан со еден македонски бренд, при што Кардула создаде серија уникатни дела инспирирани од флората, фантазијата и визуелниот јазик на маркетингот.

Делата на Кардула се карактеризираат со експресивни бои, стилизирани органски форми и суптилен наратив кој го истражува односот меѓу човекот, екологијата и потрошувачкото општество.

Познат по своите поп-арт и конструктивистички естетики, Кардула овој пат ги комбинира елементите на илустрација, графички дизајн и визуелна поезија. Изложбата се состои од повеќе дизајнирани постери, дигитални колажи и експериментални графички композиции кои ја прикажуваат флората како визуелна симфонија, но и како форма на тивка критика.

Кардула е еден од најистакнатите македонски уметници и дизајнери, чија работа е препознаена и надвор од границите на земјата. Добитник е на повеќе меѓународни признанија, а неговите дела се изложувани во САД, Италија и ширум Балканот. Познат е по редизајнот на југословенските филмски плакати, соработките со брендови како Swatch и Swarovski, како и по неговиот автентичен пристап кон визуелниот идентитет.

Би можело да ве интересира

Изложба на најдобрите модни креации на студентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“

Изложба „Љубовници во пандемија 2“ на Јана Манева-Чупоска во Прага

По Материјата-заедничка изложба на наши и уметници од Грција и Албанија

Уметниците Фидановски и Митевска на меѓународната изожба во Братислава

„Нурни во мене“ – самостојната изложба на Сашо Блажес

Киро Урдин со самостојна изложба во Брисел

А1он