Филмскиот фонд ќе финансира 28 филмови од национален интерес

Од:

Филмскиот Фонд на Република Македонија годинава ќе финансира 28 филмски проекти од национален интерес. Поддржани ќе бидат седум долгометражни, три малцински и осум краткометражни играни филмови, како и седум документарни и три кратки анимирани филмови.

Директорот на Фондот Дарко Башески на денешната прес-конференција нагласи дека оваа година имало исклучително квалитетен број пријавени проекти на конкурсот за филмска продукција за 2013 година, а одлуката е донесена денеска на седница на Управниот одбор.

Од анимираните филмови поддржани се „Кружно патување на Марето“ во режија на Жарко Иванов, „ХО“ на Иван Ивановски и „Момчето со скинатата чорапа во десната рака“ од Теона и Вук Митевски.

Од документарните филмови поддржани се „Батко Ѓорѓија патува за Баграм“ во режија на Фросина Наумовска, „Музиката и езерото“ на Бесфорт Имами, „Последен отпор на странецот“ на Арбен Тачи, „Детето и светот“ на Гоце Цветановски, „Патот на локумот“ на Елизабета Конеска, „Зошто Јас“ на Сенад Абдули и „Мојот превртен свет“ на Петра Селишкар.

Поддржани проекти за краткометражни филмови се „Долу од рајот“ на режисерот Саша Станишиќ, „Правила на уметноста“ на Сабедин Селмани, „Колор Негатив“ на Марија Апчевска, „Вампир“ на Игор Алексов, „Заседа“ на Филип Матевски, „Кукавици“ на Небојша Јовановиќ, „Кај изворот“ на Сабидин Али и „Гиза ЗОО“ во режија на Ахмед Гонеими.

Би можело да ве интересира

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

ВИДЕО: Жена се затрча кон Анџелина Џоли, обезбедувањето веднаш реагираше

„Мала грешка“ – нова меѓународна копродукција на филм која ќе се снима во Македонија

Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Златниот лав“ го доби филмот на Алмодовар, за многумина е крајно контроверзен

Предраг Петровиќ

Контроверзен филм кој беше награден во Венеција со 17-минутен аплауз

Предраг Петровиќ