Конзорциумот „Филмски пат“ единствен достави депозит, неопходен за учество во лицитацијата за продажба на „Авала филм“, закажана за среда, 22 април, пишува денеска „Данас“.
Весникот нагласува дека станува збор за компанија зад која стојат француски и американски капитал, но и некои банки, кои се подготвени да следат нови инвестиции.
– Основата на одлуката да се влезе во процедура за купување на „Авала филм“ е деловниот план на конзорциумот и банките, заснован пред се на најавениот закон за даночни олеснувања за странски продуценти доколку снимаат во Србија, нагласи конзорциумот и додаде дека е основан исклучиво во интерес на вложување во филмската индустрија.
Во конзорциумот нагласуваат дека во дел од тој бизнис план е вклучена истата екипа продуценти, кои успеаја во Белград да го донесат снимањето на „Три дена за убивање“ со Кевин Костнер и „Ноемвриски човек“ со Пирс Броснан.
„Авала филм“ се продава како правно лице, по четиригодишен стечај.