Филмската дејност во Македонија во подем

Од:

Македонските филмови минатата година имале рекордни, 193 учества на фестивали и 30 освоени награди. Во четири и пол години постоење на Филмскиот фонд на Македонија  добиени се 80-ина награди за филм, финансиски се поддржани околу 130 филма, а целосно се завршени 62.

– Толку не беа снимени во претходните 17 години во самостојна Македонија, а толку награди нема во ниедна друга дејност. Филмот е алатка што најмногу ја промовира Македонија, рече директорот на Филмскиот фонд на Македонија Дарко Башески.

Годинашниот буџетот на Фондот е 3,5 милиони евра, колку и минатата година кога достигна и 4 милиони евра зашто дополнително беа доделени средства за снимањето на „Трето полувреме“ и за „Приказни од Дивиот Исток (До балчак)“.

Башески очекува уште поголем раст во филмската продукција по стапувањето во сила на новиот Закон за филмска дејност, од 1 јануари 2014, кој ќе овозможи и финансирање од независни извори и продукциски олеснувања за снимање филмови од странство.

Филмската дејност се унапредува и со развивање на киномрежата низ Македонија. Поставувањето дигитална опрема во кината во 20 градови овозможува дистрибуција на филмови и нивна квалитетна проекција.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ