Филмот „Утре наутро“ на Јани Бојаџи освои награда за најдобра режија на фестивал во Стокхолм

Од:

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на Балканскиот филмски фестивал (BaNeFF 2026), што се одржа во Стокхолм, Шведска.

Наградата во име на режисерот и филмската екипа ја прими амбасадорката на Република Македонија во Шведска, со што признанието доби дополнително значење за афирмацијата на македонската кинематографија во оваа земја.

Ова е втора меѓународна награда за Јани Бојаџи за филмот „Утре наутро“. Претходно, филмот беше награден и на Фестивалот на филмот од Југоисточна Европа (SEE Film Festival) во Париз, Франција.

Двете меѓународни признанија претставуваат успех за македонската кинематографија и потврда за фестивалското присуство на филмот пред меѓународната публика.

Сценариото, режијата и продукцијата на „Утре наутро“ се на Јани Бојаџи, а извршен продуцент е Дејан Милошевски.

Главните улоги ги толкуваат Нина Деан и Ирена Илиевска, а во останатите улоги настапуваат Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојановски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска и Димитрина Мицкоска.

Директор на фотографија е Дарио Секуловски, монтажата е на Давид Дулев, сценографијата на Гоце Попов, костимографијата на Зорка Тодорова, а шминката на Ирена Сенокозлиовска.

Би можело да ве интересира

Апелација го осуди управителот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи за вршење мобинг врз Анкица Стојановска Митровска

Бојаџи: Веќе јас не сум важен и на филмот му посакувам добра среќа

(ВИДЕО) Таткото на Јани Бојаџи е осомничен за кражба на артефакти и злосторничко здружување, велат од МВР

Кристијан Ландов