Филмот „Улиште“ ќе се натпреварува за гран-при на Фестивалот „Санденс“

Од:

Долгометражниот игран филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, влезе во главната интернационална натпреварувачка програма на 38. филмски фестивал во „Санденс“. Фестивалот ќе се одржи од 28-ми јануари до 3-ти февруари следната година во Парк Ситу, Јута, во САД.

Овој фестивал е во организација на „Санденс“ институтот, основан од страна на актерот Роберт Редфорд. Целта е да ја поврзе публиката со уметниците во креирање на нови идеи, откривањето на оригинални изрази и градењето на заедница посветена на независниот филм.

Во Главната интернационална натпреварувачка програма ќе се прикажат десет филмови од целиот свет.

Во филмот се зборува за Фахрије, чиј сопруг исчезнува во војната во Косово, и додека трага по него, таа одлучува да започне мал земјоделски бизнис за да обезбеди егзистенција за своето семејство. Но, во традиционалното, патријархално опкружување, на нејзината амбиција за еманципација не се гледа како на нешто позитивно. Нејзиниот бизнис започнува добро, освен пчелите во нејзиното улиште, кои се чини дека се хаотични и агресивни кон неа. Во своите обиди да најде мир со пчелите, таа наоѓа мир и со самата себе…

Главната улога ја толкува Јилка Гаши, додека во другите улоги се појавуваат Чун Лајчи, Кумрије Хоџа, Аурита Агуши, Каона Силејмани, Мал Ное Сафчиу, Адријана Матоши, Астри Кабаши, Молик Маххуни, Блерта Исмаили, Валире Хаџијај Зенели, Арменд Смајли, Илир Прапаштица, а од македонските актери кои играат во филмот се Адем Ката, Шелќим Ислами и Зарије Јонузи Челику.

Блерта Башоли е режисерка родена во Косово, а има дипломирано на Универзитетот во Њујорк отсек филм и ТВ. Досега има работено на неколку кратки и долгометражни играни филмови за кои има добиено награди но „Улиште“ е нејзиниот прв долгометражен игран филм.

Таа се потпишува како сценарист и режисер на филмот, а кинематографер е Алекс Блум. Монтажата е на Едис Сарачи и Феликс Сандри, а сценограф е Влатко Чачоровски. Мајстор на звук е Филипе Циомпи, костимографијата е на Хана Зеќа, Фјорела Мирдита а шминката е на Фиона Абдулаху.

Продуценти на филмот се Јил Ука, Валон Бајгора, Агон Ука, а копродуценти Брита Ринделауб, Кристијан Буровски, Томи Салковски, Паскал Семини.

„Улиште“ е копродукција меѓу Косово, Швајцарија, Северна Македонија и Албанија, поддржана од Косовскиот кинематографски центар, Федерална канцеларија за култура ФОЦ и Синефором – Швајцарија, Агенцијата за филм на Северна Македонија и Националниот центар за кинематографија на Албанија, во продукција на Филм Индастри и Иконе Студио со Алва Филм Продукција, Црна Мачка Продукција, Албаскај, Швајцарската национална телевизија, а Левел К ги има правата за продажба на филмот во светот.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ