Филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ на Карлови Вари

Од:

Филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“ на сценаристот и режисер Дарко Лунгулов во кој копродуцира Македонија, ќе ја доживее својата светска премиера на 7 јули, на угледниот фестивал од А категорија во Карлови Вари. Филмот е селектиран во натпреварувачката програма „Источно од Западот“.

Публиката во Македонија ќе го види филмот на почетокот на ноември. Главните улоги ги толкуваат Борис Миливојевиќ, Драган Бјелогрлиќ и Тони Михајловски. Помали, но значајни епизодни улоги од Македонија имаат Петар Мирчевски и Жаклина Стефковска.  Во филмот играат и Бранислав Трифуновиќ, Наташа Тапушковиќ, Мирјана Карановиќ, Љубомир Бандовиќ…

film spomenikot na majkl dzekson

Филмот се снимаше во Србија и Македонија. Од Македонија во филмот учествуваа и сценографот Кирил Спасески, снимателот на звукот Игор Поповски, бум-операторот Дарко Бошковски, а продуцент на филмот е Огнен Антов. Копродуценти на филмот се и Германија и Хрвaтска. Филмот е финансиски поддржан и од Филмскиот фонд на Република Македонија.

„Споменикот на Мајкл Џексон“ е црна комедија, во која режисерот Лунгулов преку берберот Марко се обидува да ни ја прикаже социјалната приказна на неколку карактери и нивната судбина во едно мало место на Балканот. Берберот Марко во еден момент се решава на очајнички потег да го спаси бракот и со тоа да ја импресионира својата жена Љубинка. За да го оживее своето гратче кое е на умирање, тој решава да му подигне споменик на поп идолот Мајкл Џексон.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“