Филмот „Росе од Заград” на филмски фестивал во Софија

Од:

Филмот „Росе од Заград” во режија на Владимир Боцев, а во продукција на Музеј на Македонија, утре ќе биде прикажан на осмиот Меѓународен филмски фестивал за културното наследство што се одржува во Софија.

Ова е премиерно прикажување на овој 48-минутен филм на режисерот Боцев, снимен оваа година. Боцев и минтата година учествуваше со неколку свои филмови на овој Фестивал, за што доби и специјална награда од фестивалското жири.

Заград е село во пределот Порече. Во него живеат само неколкумина постојани жители, меѓу кои е и Росе, 36-годишен маж, кој живее со неговата мајка. Филмот паралелно го покажува секојдневието на Росе и обредот Водици, што секоја година се одржува во селото Заград. Обредот, пред се, го одржуваат иселените жители на селото кои за време на празнување се враќаат во родното село.

Филмскиот фестивал за културно наследство во Софија го организира Меѓународната фондација „Детев” во соработка со културните центри и институти кои имаат свое седиште во Софија.

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија трета година по ред претставува македонски филмови посветени на македонското културно наследство. Сите филмови што ќе ги претстават странските културни центри и институти во Софија. ќе бидат прикажувани во Американскиот центар во Софија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он