Краткиот филм „Радио” на младиот режисер Марко Црногорски на Torremolinos International Fantastic Film Festival во Малага, Шпанија.
По прикажувањето на филмски фестивали во: Италија, Чешка, Босна и Херцеговина (Тузла и Сараево), Србија (Краљево и Ниш), Канада, Велика Бритнија и Мексико, краткометражниот филм „Радио” е дел од официјалната програма и во трка за награда во Шпанија. Torremolinos е еден од најважните фестивали во регионот и трае од 31.10 до 09.11.
Преку акција и на моменти научно-фантастика, „Радио” се бави со бесконечната човечка глупост и алчност. Тројца најдобри другари се досадуваат во подрум, кога одеднаш наоѓаат едно старо радио. Тие го поправаат радиото и слушаат вести од минатото и иднината.