Филмот „Исчезнатиот” на режисерот Арбен Тачи доби награда за најдобар странски филм на Интернационалниот фестивал во Швајцарија.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и со малцинско учество од Центарот за кинематографија на Косово и Националниот кинематографски центар на Албанија.
Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Благоја Неделковски и Шпетим Амети. Музиката за филмот е на Тримор Доми, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, сценографијата на Билгаип Кочишта, а костимите беа изработени од Албулена Боровци.
Арбен Тачи претходно ја доби наградата за најдобар дебитантски режисер на Фестивалот на независен филм во Монтреал, Канада. Тоа беше втора меѓународна награда за овој филм, по наградата за најдобра фотографија која му беше доделена на директорот на фотографија Владимир Самоиловски на Филмскиот фестивал во Анадолија.
По премиерата во јуни и по двете специјални проекции на „Прифилм фест“ во Приштина и ТИФФ „Ода“ во Тетово, филмот „Исчезнатиот“ се натпреваруваше во официјалната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Тирана, во категоријата албански филмови.