Филм за загадувањето „Зошто?“ најдобар на 7. Мобил фестивал

Од:

Наградата „Ратка Илиевска-Лале“ за најдобар краток филм снимен со мобилен телефон на 7. Мобил фестивал ја доби филмот „Зошто?“ на Мурат Жерка. Наградата е стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје.

– Филмот со својата социјална ангажираност успешно му нуди одговор на гледачот. Одлично го поставува проблемот со загадувањето, особено актуелен денес, а нуди и успешен приказ на невиноста на децата и наближувањето на опасноста која се наѕира во мечето што носи гас-маска, оцени жирито на фестивалот: Ванчо Мираковски, монтажер, Дамјана Ивановска, филмолог и Сребра Ѓорѓијевска, новинар.

На фестивалот што се одржа во Кинотеката на Македонија беа избрани најдобрите автори во пет категории. „Рекурзија“ во режија Анастасија Точевска доби награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“, „Сонар“ на група уметници од Филмската академија Баден-Виртемберг во Лудвигсбург, Германија, доби награда за најинвентивен филм, „Еден, Два, Монолози“ во режија Блерина Гоце од Албанија доби награда за најоригинална приказна и филмот „Меурчињата не лажат“ во режија Штепан Етрих од Чешка е награден за најдобра идеја.

Фестивалот  го организираше „КТ Филм и Медиа“ со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија, Град Скопје, МЕПСО, Кинотеката на Македонија и  Младинскиот културен центар.

Во рамки на 7. Мобил фестивал беа одржани две работилници за стоп-анимација – едната за деца, во соработка со фестивалот „Синедејс“, а другата во соработка со гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ