Филип Јовановски и Групата ОПА на интернационална изложба во Ријека

Од:

Македонските уметници Филип Јовановски и групата ОПА Опсесивно-посесивна-агресија (Слободанка Стевческа, Денис Сарагиновски) се дел од групната изложба „Сé е вечност (кога сме опседнати со победата)“ која ќе се отвори вечерва во Галеријата СИЗ во Ријека.

Во изложбата, која е курирана од Агата Рогош од Полска учествуваат и уметниците: Немања Цвијановиќ од Ријека, Лана Чмајчанин од Сараево и Албан Муја од Приштина.

Во текстот за изложбата, кураторката Агата Рогош пишува:

„Стравот е безначајно чувство. Смртта е процес кој му припаѓа на оној Другиот. Постојат работи кои се многу поважни од смртта. Таму каде што никој не умира постои едно пресудно правило: живеј и јас ќе те мрзам, умри и јас ќе те оплакувам.

Но, како тоа да го правам, ако никогаш не умреш?

Изложбата реферира на јазикот на современата пропаганда, земајќи ги предвид историските прашања и настани. Суштинското прашање на овој проект е превземено од еден од филмовите на Вим Вендерс: и што научивме од тоа? Ништо!

Како културната меморија се користи за политички прашања? Кој е односот на авторитетот и отпорот? Кој и како го обликува колективното памтење и колективниот заборав и кои се последиците?

Уметниците и уметничките, низ реферирање на различни системи и уредувања како и на некои универзални или локални приказни, ќе постават суштински прашања поттикнати од феноменот на игарата, феномен кој е очигледно сеприсутен во јавниот дискурс и ќе се земе предвид и односот меѓу националното, странското и потиснатото.

Ќе се постават и прашања за присутноста на Другиот/ите и Едното/ната од Нас, баш како и правилата според кои се повикани во играта. Прашањето е кој ќе победи. Сепак, нема сомнеж дека опседнатоста со победата е присутна како и неизбежна, без разлика на општествениот, политичкиот или културниот контекст.“

10965467_10206141762398263_1252538245_n

Филип Јовановски е визуелен уметник и активист.Mоментално ги завршува постдипломските студии на Академијата за ликовни уметности на одделот за сликарство во Скопје. Живее и работи во Скопје. Насловот на неговото дело кое се претставува на изложбава е „Мртва природа: од колекцијата Работничката класа заминува во рај“,кое е триканална видео инсталација.

ОПА е основана во 2001 година од страна на визуелните уметници Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски. И двајцата студирале на Академијата за ликовни уметности во Скопје а работат на граница меѓу уметност, медиуми и перфоманс. Насловот на нивното дело кое се претставува на изложбава е „Вечно тело“, кое е триканална видео инсталација.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар