Филхармонијата ја завршува сезоната со концертот „Данте“

Од:

Со вечерашниот концерт од 20 часот, насловен „Данте“, Филхармонијата ќе ја заокружи оваа концертна сезона. Ќе бидат изведени дела од Фомин, Лист и Пачини. Солист е пијанистот Андреј Гугнин од Русија, а оркестарот ќе го води Габриел Бебешелеа, шеф диригент на Филхармонија.

За пијанистот Гугнин Филхармонијата најави дека е исклучителен уметник и виртуозен изведувач кој поседува разновидна и префинета техника која и служи на неговата исклучителна музичка имагинација. Во 2020 година Гугнин ја добил наградата на магазинот на Би-Би-Си за најдобра изведба на Шостакович, за изведбата на неговите 24 прелудиуми и сонатите за пијано бр.1 и 2.

– Откако ја добива првата наградата на престижниот натпревар во Сиднеј во 2016 година, Гугнин постојано концертира на светските сцени со најдобрите оркестари и диригенти. Настапувал како солист со Лондоскиот филхармониски оркестар, со Марински симфониски оркестар, со Холандскиот симфониски оркестар, под диригентската палка на исклучителни диригенти како маестро Валери Гергиев, Јап Ван Зведен, Даниел Рајскин, Станислав Кочановски, Ашер Фиш… Соработувал и со повеќе камерни ансамбли. Снимил повеќе музички изданија со соло и симфониски дела. Неговото цеде со изведба на „Трансцеденталните етиди“ од Лист беа издвоени во „Грамофон“, а Гугнин беше потенциран како пијанист чие време допрва доаѓа, соопшти Филхармонијата во најавата за концертот.

За Габриел Бебешелеа, шеф-диригент на оркестарот на Филхармонија, наведува дека на 30-годишна возраст бил вброен меѓу најталентираните диригенти во последната декада во Романија. Забележлив е и како оперски диригент и е именуван за шеф-диригент на Романската национална опера во 2011 година, со што станал најмладиот шеф-диригент кога било во Романија. Во 2014 година ја добил наградата „Најдобар диригент“ на оваа куќа. Од 2011 година, Бебешелеа е главен диригент на Молдавскиот национален младински оркестар, а редовно работи и со Романскиот младински оркестар.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска