Филхармонијата и МОБ со концерт „Ода на радоста“

Од:

Македонската филхармонија и Македонската опера и балет вечер во МОБ ќе одржат концерт „Ода на радоста“, под диригентство на  Оливер Балабурски.

Солисти ќе бидат сопран Ана Дурловски, францускиот мецосопран Беренжер Модуи, полскиот тенор Богуслав Бижински и германскиот бас-баритон Џо Полхајм.

На програмата е Симфонијата бр. 9 на Лудвиг ван Бетовен, завршена во 1824 година.

– Таа претставува врв на симфонискиот опус на композиторот, негов финален симфониски есеј во кој кулминираат мелодиското мајсторство, хармонското богатство и извонредното чувство за развој и организација на музичкиот материјал и градење кулминации што буквално оставаат без здив. „Деветтата“ не е само врвно достигнување на класицизмот и дело-водилка кон романтизмот, туку и супериорна композиција чии звуци се поистоветуваат со химна на човештвото и хуманизмот, соопштија Филхармонијата и МОБ.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска