Филхармонија ќе одбележи 60 години од раѓањето на Гоце Коларовски

Од:

„Ќе се разбудам ли пак?“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата со кој ќе бидат одбележани 60 години од раѓањето на композиторот Гоце Коларовски (1959-2006),

Насловот е извлечен од неговиот истоимен вокален циклус. Неговата „Симфонија“ ќе биде дел од програмата на концертот, а ќе прозвучат и дела од Дебиси и Копланд.

– Музичкиот опус на Коларовски е автентичен и препознатлив и во него доминира суптилен израз кој вешто ротира околу современата естетика изградена на интересни созвучија. Звукот во делата на Коларовски речиси секогаш е проткаен со своевидна мистика, специфична оркестрација и особен акцент на динамиката и музичкиот колорит. Симфонијата за оркестар, солист и ансамбл баритони е негова дипломска работа и во неа можат да се почувствуваат никулци на она што подоцна во своето творештво ќе го развие како автентичен музички израз и јазик, соопшти Филхармонијата.

Солист во изведбата на ова дело ќе биде басот Владимир Саздовски, како и ансамблот баритони од хорот „ПроАрс“.

Под диригентската палка на Сашо Татарчевски ќе биде изведен и Концертот за кларинет и оркестар од Арон Копланд со настап на шпанскиот кларинетист Пабло Бараган, кого публиката ќе го слушне и како солист во изведбата на „Прва рапсодија за кларинет и оркестар“ од францускиот композитор Клод Дебиси.

Би можело да ве интересира

Концерт на Филхармонија со дела од Дебиси, Копланд и Коларовски

Ана Ололовска

Израелците воодушевени од концертите на Филхармонијата

Ана Ололовска

Прва историска турнеја на Филхармонијата во Израел

„Моќта на Заратустра“ – прв концерт на Филхармонијата во новата сезона

Ана Ололовска

Моќниот Заратустра ја отвора новата сезона на Филхармонија

Ана Ололовска

Операта „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл во Филхармонија

Ана Ололовска