Фестивал на различностите во Струга

Од:

По повод Денот на независноста – 8 Септември денеска во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи Фестивал на различностите, а ќе биде отворена и изложба со фотографии од Струга некогаш и денес.

Настаните се дел од проектот „Декада на припадност – славење на различностите“ финансиран од Европската Унија, а ги организираат здруженијата за локален развој „Мбела“ од Струга, „Деборус“ од Дебар и „Фортеса-Ш 2007“ од Кичево, културно-уметничкото друштво „Драслајчанка“, Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математички факултет во Скопје и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

На фестивалот ќе бидат прикажани активностите од трите работилници: разбирање на културата и храната како средство за комуникација, музиката, играта и песната се идентитет и работилницата за разбирање на културите преку документарни фотографии со обука за документарна визуализација на општествената и културната средина.

На изложбата ќе бидат претставени фотографии од американскиот антрополог Џоел Мартин Халперн направени во 1954 година при неговиот претстој во Струга и од младите учесници на проектот фотографирани годинава.

Преку проектот се реализираат препораките за правење програми за интеркултурно, мултикултурно и мултиетничко образование, меѓусебно комуницирање, воспоставување практики на меѓусебно запознавање и споделување знаења, а со тоа намалување на ефектите од можните штети на постоечките стеротипи и предрасуди. Овие знаења, според организаторите, треба да придонесат за зголемување на капацитетите на локалните заедници за себепочитување, вреднување на различностите кај другите заедници и презентирање на регионалните културни карактеристики како самоодржлива основа за развој на регионот во економска смисла, особено од аспект на локалните форми на туристичка презентација.

Целта на проектот е воспоставување неформални форми за интеркултурен дијалог, мултикултурно и мултиетничко образование и запознавање на припадниците од различните заедници во регионите на Струга, Дебар и Кичево со културните вредности и обуки за почитување на другиот.

Би можело да ве интересира

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски