Фестивал на книгата „Мост меѓу две срца“ во Новаци

Од:

Општина Новаци со пригодна програма го одбележа светскиот ден на книгата и авторското право, а централен настан беше детскиот фестивалот „Мост меѓу две срца“.

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски истакна дека фестивалот има за цел да придонесе за поттикнување и промовирање на детското творештво, креативното изразување и негов развој во руралните средини.

– Проектот има за цел да придонесе поттикнување на детското творештво  преку конкурсот  „Мост меѓу две срца“ кој што ќе го создадат деца -автори  од повеќе основни училишта во општините од регионот. Поттикнувајќи го детското творештво гледано од креативноста на детското срце и срцето на книгата, посочи Лазар Котевски.

На фестивалот учествуваа по шест ученици автори како претставници од едно училиште, и тоа три од одделенска и три од предметна настава и по еден посебно надарен и талентиран ученик-автор кој е наградуван и посебно се истакнува во пишувањето.

– Авторските творби кои беа прочитани на фестивалот, по автоматизам влегуваат во детската книга која ќе се објави во октомври по повод месецот на книгата. На фестивалот гостуваа и членови од Друштвото на писатели на Република Македонија кои ја негуваат детската литература и учениците ќе имаат можност да се дружат со нив. За најдобрите творби одлучуваше четиричлена комисија составена од писатели и професори по македонски јазик, истакна Елизабета Јонќиќ, претседател на Културно иновативниот клуб-Новаци, организатор на фестивалот на книгата „Мост меѓу две срца“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска