Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од утре ќе ја организираат традиционалната меѓународна манифестација „Фестивал на чајот и читањето“.
Фестивалот ќе трае до 8. март 2015. година и ќе се одржува во кафе-книжарницата и галеријата „Феникс“. Во рамки на Фестивалот е распишан Конкурс за ликовни дела на тема „Книга и чај“, ќе биде одбележан роденденот на Гоце Делчев и врачена наградата „Гоцевата мисла“, ќе има ликовна работилница за сликање на платно – мал формат, како и повеќе промоции на книги, ликовни изложби, уметнички чајанки…
„Феникс“ соопшти дека авторите кои се заинтересирани за учество и настап на „Фестивалот на чајот и читањето“ треба навреме да се пријават кај организаторите.
Ликовните творби на тема „Книга и чај“ веќе пристигнуваат и ќе бидат изложени на 4 февруари 2015 година.