Фантастичниот виолинист Никита Борисо-Глебски со Македонската филхармонија на „Есенски музички свечености“

Од:

„Поема екстаза“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток (30 ноември) во 20 часот, како последен настан сместен во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти од поновата генерација руски уметници, Никита Борисо-Глебски, кој ќе го изведеКонцертот за виолина и оркестар воd-moll оп. 47 од „таткото на финската музика“, Јан Сибелиус. Овој единствен Концерт за виолина на Сибелиусзазема значајно место меѓу современите дела од оваа музичка форма и е еден од најизведуваните.

Диригент на концертот е инспиративниот холандски/јужноафрикански маестро Конрад ван Алфен, а оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе и атрактивните „Поема екстаза“ од Александар Скрјабин, како и тонската поема „Попладневна вештерка“ од Антонин Дворжак, секоја за себе со навистина бујна колоритност и наративност која што плени.

Кариерата на Никита Борисо-Глебски како виолинист рапидно порасна кога во 2010 година стана победник на Интернационалниот виолински натпревар „Јан Сибелиус“ и на Интернационалниот натпревар за виолина „Фриц Крајслер“. Добитник е на уште врвни награди на девет престижни виолински натпревари, меѓу кои и на „Чајковски“ и „Кралицата Елизабета“. Борисо-Глебски настапува со значајни оркестри, меѓу кои: симфонискиот оркестар „Марински“, Филхармонијата на Хелсинки, Московската филхармонија, Радио-симфонискиот оркестар на Виена, Варшавскиот симфониски оркестар, Бриселската филхармонија, Филхармонијата во Кансаи, Пекиншкиот симфониски оркестар, Гетеборшкиот симфоникер оркестар, Кралската филхармонија во Антверпен, Лондонскиот камерен оркестар… со едни од најзначајните диригентски имиња како што се: Валери Гергиев, Око Каму, Сакари Орамо, Хану Линту, Ери Клас, Владимир Федосеев, Дмитри Лис, Конрад ван Алфен, Гилберт Варга, Давид Афхам, Лионел Брингер… Редовно настапува и на еминентни светски фестивали.

Во однос на соло ангажманите, пак, тој ги уживал соработките со реномираните музичари: Сеиџи Озава, Родион Шчедрин, Наталија Гутман, Гидон Кремер, Јури Башмет, Аугустин Думај, Андрас Шиф, Борис Березовски, Жан-Филип Колард, Александер Книазев, Рафаел Валфиш, Мишел Штраус, Жан-Клод Ванден Ејден… Никита Борисо-Глебски е роден во Волгодонск, Јужна Русија. Негови ментори низ изминатите години биле: Едвард Грах и Татијана Беркул во Москва, Аугустин Думај во Брисел и Ана Чумаченко во Кронберг. Во изминатите години, покрај гореспоменатите, се стекнал со неколку интернационални награди и титули – „Виолинист на годината“ од интернационалната фондација „Маја Плисетскаја и Родион Шчедрин“ (САД), „Личност на годината“ од страна на значајниот музички магазин во Русија „Musical review“, наградата „Виртуоз“ од италијанскито гудачкиот сојуз на фондацијата „Антонио Страдивари“… Борисо-Глебски свири на виолина „матео гофрилер“ од 1720 година.

Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/ јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам.

Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интенационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“.

Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург. Во изминатите години бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Неодамна успешно дебитирал со Филхармонискиот оркестар од Брисел, со „Симфоникер“ во Бохум и со Симфонискиот оркестар „Светланов“ во Москва. Бројни солисти ја уживале неговата придружба, како што се: Даниел Хоуп, Жанин Јансен, Бенџамин Шмид, Куирин Виерсен, Роланд Браутигам, Албан Герхард, Симон Ламсма и Никита Борисо-Глебски.

Низ изминатите години неговите соработки со Рускиот нацинален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање под раководство на Ери Клас и Роберо Бензи.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска