Владиниот Секретаријат за европски прашања денеска организира настан „Креирање ѕид на јазиците” со што се приклучува во активностите за одбележување на Европскиот ден на јазиците.
Учесниците на настанот ќе имаат можност да пренесат пораки за мир, соживот и просперитет на различни европски јазици.
Најавено е учество на претставници на Владата, дипломатскиот кор, невладини младински организации…
Манифестацијата ќе се одржи во Инфо центарот на Секретаријатот за европски прашања на Плоштад Македонија.