„Евридика“ на Драмскиот театар од Скопје на „Стоби 2013“

Од:

Со синоќешната изведба на претставата „Евридика“ на Драмскиот театар од Скопје на сцената на амфитеатарот во Стоби се заокружи натпреварувачкиот дел на 12-от Интернационален фестивал на античка драма „Стоби-2013“.

– Сметам дека разбирањето, љубовта или меѓусебната комуникација меѓу луѓето е она што ги движи работите понатаму во позитивна насока. Токму преку оваа претстава се обидов да докажам дека движечката сила на сите нас е љубовта, без разлика дали е меѓу татко и ќерка, маж и жена, љубовници и слично, изјави режисерката Нина Николиќ, по претставата.

Улогите во претставата ги толкуваа Маја Вељковиќ-Пановска, Игор Ангелов, Диме Илиев, Софија Куновска, Биљана Драгичевиќ-Пројковска, Нина Деан, Филип Трајковиќ и Соља Стамболџиоска.

– Кога родителите заминуваат од овој свет засекогаш, ни недостасуваат во се и тука се сместува Евридика која се навраќа кон љубовта за својот татко и своеволно заминува во подземниот свет. Докажува дека родителската љубов е ненадоместлива, а загубата огромна, потенцираше актерката Маја Вељковиќ-Пановска, која ја толкува улогата на Евридика. Таа беше воодушевена од просторот во Стоби.

В сабота, на 20 јули во Стоби ќе се изведе уште претставата вон конкуренција на фестивалот, „Шекспир во приказни“ на Турскиот театар од Скопје, работена по текстовите на Вилијам Шекспир, а во режија на Кери К. Невзати.

Во конкуренција од три претстави од Македонија,Турција и Србија, в сабота вечерта на 12. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“ ќе се доделат наградите за најдобра машка и женска улога, најдобра режија и Гранпри за најдобра претстава. Најдобрите ќе ги избере тричленото жири во состав Зорица Панчиќ, Крсте Џидров и Нела Витошевиќ.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“