„Евридика“ на Драмски театар вечер на „Стоби 2013“

Од:

Во рамките на 12 Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“ вечер во 21 часот на сцената на амфитеатарот во древниот Стоби ќе биде изведена претставата „Евридика“  според делотот на Сара Рул во режија на Нина Николиќ во изведба на Драмскиот театар од Скопје.

На сајтот на Драмски за оваа претстава се појаснува: „Претставата ,Евридика‘ работена по истоимениот текст на Сара Рул, претставува ново и поинакво видување на митот за најголемата љубов на светот и на тој начин претставува круцијални прашања за љубовта,времето,животот и смртта. Оваа драма не’ потсетува на влијанието кое го имаат на нас луѓето со кои сме оствариле каков и да било контакт, на влијанијата кои ние ги имаме на туѓите животи, на нашите сеќавања и несвесната меморија и на тоа дека човекот не може да заборави. Сеќавањата се запишани  некаде длабоко во човечката душа и сето она што не’ допрело, останува со нас  до крајот на времето.“

Претставата е третата на фестивалот која се натпреварува за една од наградите што ќе бидат врачени на 20 јули во Стоби: за најдобра женска и машка улога, за најдобра режија и најдобра претстава.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“