„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

Од:

Плоштадот Димитар Беровски“ во Берово од 28 до 30 август ќе биде домаќин на Етно Плоштад Фестивал 2025“, кој и годинава ќе понуди тридневна програма исполнета со музика, традиција и забава.

Фестивалот ќе започне утре со свечено отворање и Саем на традиционални производи Малешевијата на дланка“.

-Во рамки на вечерната програма ќе настапат културно-уметнички друштва од Берово и Македонија, Игор Димовски, групата Пауза за ракија“, како и диџеи. На 29 август е предвиден детскиот музички фестивал Малешевско ѕвонче“, по што ќе следуваат настапи на Андријана Петрушовска и српската музичка група Амадеус бенд“. Фестивалските активности ќе завршат на 30 август со концерт на македонскиот поп пејач Мики Секуловски и настап на српската фолк ѕвезда Харис Џиновиќ, по што ќе следува диџеј програма, информираат од Општина Берово.

Организаторите најавуваат и други културно-уметнички содржини во рамки на настанот.

-Предвидени се танцови изведби и изложби, а плоштадот ќе биде исполнет и со штандови со традиционални производи. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат малешевски специјалитети, како и да купат рачни изработки и домашни производи од локални производители, посочија од општината.

Градоначалникот Звонко Пекевски истакна дека Берово секоја година потврдува дека е место на гостопримство, вкусна храна и автентична музика, а фестивалот претставува средба на култури и генерации.

Со ваквата програма, подвлече Пекевски, Берово и ова лето ќе биде центар на културните случувања во Источна Македонија.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он