Етно концерт на Аги Хершку од Унгарија во Илинден

Од:

Во Домот на култура „Илинден” синоќа се одржа концерт на унгарската музичка ѕвезда Аги Хершку и нејзината група, која во својата музика ја негува љубовта кон унгарската традиција и фолклорот.

Присутните во салата имаа ретка можност да уживаат во звуците на унгарскиот етно мелос пренесен од Аги Хершку и нејзиниот бенд, чиј албум со наслов „Бандазом“, за кој имаат добиено многу позитивни критики од страна на повеќе специјализирани музички списанија, два месеца бил високо рангиран на најреномираните светски музички топ листи.

Специјален гостин на концертот беше новата македонска музичка ѕвезда Антонија Гиговска, која победи на „Кастинг талент шоуто“, со што и припадна главната улога во мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески.

На концертот му претходеше отворање на изложба со наслов „Унгарците во бегалските логори/кампови во Советскиот Сојуз” (1944-1956), која се состои од 23 рол-ап паноa. За значњето на изложбата поставена во Галеријата на Домот на култура „Илинден“, низ чии слики е претставен животот на Унгарците во периодот од 1944 до 1956 година, период кога биле протерувани во тогашниот Советски Сојуз, зборуваше Кристина Чиби, директорка на Куќата на Унгарците во Будимпешта.

На оваа своевидна унгарска културна вечер во Домот на култура „Илинден“, организирана во соработка со унгарската амбасада во Република Македонија, присуствуваа и амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Ласло Иштван Дукс и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта